Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ: Косово треба да ги спроведува донесените закони


Косовските власти мора да преземат специфични и конкретни мерки, со цел донесените закони кои се однесуваат на заштитата на човековите права да бидат спроведени во пракса, се наведува во извештајот на мисијата на ОБСЕ на Косово. Во него се нагласува дека примената на законите не е целосно спроведена и оти е неопходно да се преземат дополнителни мерки, особено кога станува збор за закони кои се однесуваат на заштита од насилство во семејството, на правата на заедниците и на употребата на јазикот.
Шефот на Одделението за човекови права и заедници во мисијата Хјорту Сверишон предупреди дека концептот на владеење на правото во демократското општество подразбира не само усвојување на неопходните закони, туку и серија мерки за нивно спроведување.
XS
SM
MD
LG