Достапни линкови

Барселона убедлива, Баерн нокаутиран


Фудбалерите на Барселона синоќа во Лисабон ја победија Бенфика со 2:0, во натпреварот со „најзвучни“ имиња во рамките на групната фаза на Лигата на шампионите. Најголемото изненадување го направи белорускиот првак БАТЕ Борисов, кој го совлада германскиот претставник Баерн со 3:1. Во другите натпревари се постигнати следниве резултати:

Нордсјеланд- Челзи 0:4
Јувентус- Шахтјор 1:1
Валенсија- Лил 2:0
Спартак Москва- Селтик 2:3
Клуж- Манчестер Јунајтед 1:2
Галатасарај- Брага 0:2

Натпреварите во другите 4 групи се играат вечер.
XS
SM
MD
LG