Достапни линкови

Времето променливо со пороен дожд и грмежи


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура се движи од шест до 14, а дневната ќе биде од 24 до 30 степени. Во Скопје утринска температура до 14 и дневна до 27 степени.

Потоа, до крајот на неделава ќе преовладува претежно стабилно и суво време.
XS
SM
MD
LG