Достапни линкови

Интерпелацијата на Владата во собраниска процедура


Иницијативата за гласање доверба е во Собранието. СДСМ соопшти дека очекува до петок да биде ставено нивното барање на дневен ред. Лидерот на партијата Бранко Црвенковски по денешната средба со партиите од здружената опозиција, изјави дека со ова ќе им докажат на граѓаните дека станува збор за „фингираната криза“ во владината коалиција која придонесува само за влошување на меѓуетничките односе и интеграциите на земјата, а во истовреме во земјата има катастрофална економска ситуација. Тој изјави дека доколку дојде до распуштање на Парламентот, СДСМ е подготвена за предвремени парламентарни избори. Црвенковски инсистира на измени на Изборниот законик и прочистување на избирачкиот список затоа што, како што вели, во спротивно изборите би биле фалсификат и нелегитимни.
XS
SM
MD
LG