Достапни линкови

logo-print

Иванишвили побара оставка од Саакашвили


Лидерот на коалицијата „Грузиски сон “ која победи на парламентраните избори во Грузија, милијардерот Бидзина Иванишвили, побара од досегашниот претседател Михаил Саакашвили да си поднесе оставка од функцијата. Иванишвили изјави дека Саакашвили направил многу грешки и треба да си поднесе оставка една година порано од планираните претседателски избори. Тој додаде дека тоа е логичен и вистински следен чекор и да се распишат предвремени претседателски избори. Иванишвили во Тбилиси изјави дека новата влада предводена од неговата коалиција ќе ја продолжи политиката на претходната, кон ЕУ и НАТО.
XS
SM
MD
LG