Достапни линкови

logo-print

Амди Бајрам за 9 илјади евра собирал гласови


Втор ден жестока расправата за измените на Изборниот законик во Собранието, но пратениците се уште не дебатираат за суштинските забелешки во предлог законот.
Пратеникот Амди Бајрам вниманието на оваа дебата го привлече на себе со признание од говорница дека земал пари за да собере гласови за изборите во 2004 година. Тој изјави дека додека бил во притвор добил понуда од градоначалник од СДСМ 9000 евра за да ги активира сите негови ограноци за собирање на гласови и понуда да излазе од затвор.Тој изјави дека тоа и го сторил од затворот во Шутка од каде што произлегле 11 илјади гласови.
Пратеничката на СДСМ Весна Бендвеска изјави дека по ова очекува реакција од јавниот обвинител, да го повика Амди Бајрам за кој како што вели учествувал во изборна манипулација. Пратениците од владеачкото мнозинство ја обвинија опозицијата дека купува гласови и дека граѓаните треба да се охрабрат и тоа да го пријават.
XS
SM
MD
LG