Достапни линкови

Јахјага: Косово има „јасни црвени линии“


Косовската претседателка Арифете Јахјага изјави денеска дека Косово има „јасни црвени линии“ во разговорите за политичките прашања со Србија.
Таа додаде дека Косово нема да преговара за внатрешни прашања со ниту една држава, особено не со Србија. Таа не сакаше да ја коментира изјавата на еврокомесарката за надворешни работи Кетрин Ештон дека Приштина и Белград треда да се подготват за донесување на тешки одлуки, но додаде дека ставот на Косово е познат и дека нема да ги поминат зацртаните црвени линии.
XS
SM
MD
LG