Достапни линкови

Ахмадинеџад: Опозицијата и Западот се виновни


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го обвини Западит и опозицијата за намалувањето на вредноста на државната валута. Иранската валута-риал изгуби 80 проценти од својата вредност од почетокот на годинава, кога стратуваа дел од санкциите поради контроверзната иранска нуклеарна програма.
Ахмадинеџад на прес-конференција во Техеран изјави дека Иран нема да попушти под меѓународниот притисок и да ја затвори нукеарната програма без разлика на економските проблеми кои ги создадоа санкциите од Западот.
Тој изјави дека санкциите успеале „само малку да го намалат “ извозот на нафтата, а намалувањето на вредноста на валутата е последица од „психолошката војна на пазарот со девизи“.
XS
SM
MD
LG