Достапни линкови

СДСМ денеска ќе поднесе интерпелација на Влада


Пратеничката група на СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата, соопшти лидерот на партијата Бранко Црвенковски.
Тој изјави дека доколку дојде до распуштање на Парламентот, СДСМ е подготвена за предвремени парламентарни избори. Црвенковски инсистира на измени на Изборниот законик и прочистување на избирачкиот список затоа што, како што вели, во спротивно изборите би биле фалсификат и нелегитимни. Тој додаде дека преставниците на опозицискиот блок, целосно се согласиле околу оценката дека владините партнери „фингираат конфронтација“ и дека со тоа ги загрозуваат меѓуетничките односи и интеграциите на земјата, а во истовреме во земјата има катастрофална економска ситуација.
XS
SM
MD
LG