Достапни линкови

ЗНМ со осуда за наводното убиство во Солун


Советот на честа на ЗНМ го осуди односот на дел од медиумите во однос на информацијата за наводното убиство на македонски студент во Солун. Во соопштението е наведено дека после неколку дена ниту една надлежна институција во Македонија и Грција не ја потврди информацијата што ја пласираше јавниот сервис, со што стана јасно дека немало никакво убиство и дека станува збор за невистина и дезинформација, со која јавноста е доведена во заблуда, предизвикан е немир меѓу луѓето, нивните чувства се повредени. Со таков однос, кој е непрофесионален, неетички и спротивен на одредбите од кодексот на новинари, новинари ја девалвираат својата професија и придонесуваат јавноста да ја изгуби довербата во медиумите меѓу другото е напишано во реакцијата на ЗНМ.
XS
SM
MD
LG