Достапни линкови

Oхриѓани на плажа и во октомври


Топлото време и пријатната вода за капење и во октомври ги донесе охриѓани на плажа.
Топлото време и пријатната вода за капење и во октомври ги донесе охриѓани на плажа.

Иако туристичката сезона одамна помина, за охриѓани овој период од годината е вистинско време за одмор. Топлото време и пријатната вода за капење и во октомври ги донесе охриѓани на плажа. Велат дека капењето сега, кога нема турканици, е најдобрата терапија за нерви.

И во октомври охриѓани знаат да се искапат во езерото. Убавото време и топлата езерска вода несвојствена за овој период од годинава намами голем број граѓани да поминат дел од денот на плажа.

Викендов на некои од плажите имаше и многу туристи, најголем дел од Холандија, Србија и Бугарија. Охриѓани велат дека не паметат одамна толку топла вода на езерото во октомври. Капењето сега, велат, е најдобрата терапија за нерви.
Додека водата е 21-22 степени може да се капи. Вака времето може да трае сигурно уште 10 дена.[...] Ова е една терапија за нерви.
Анкетиран охриѓанец на плажа.

„Водата за едно два-три степени е намалена, но супер е, се капиме. Многу ни е пријатно. Во Охрид сега владее ѓупско лето. Времето е феноменално.“
Топлото време и пријатната вода за капење и во октомври ги донесе охриѓани на плажа.
Топлото време и пријатната вода за капење и во октомври ги донесе охриѓани на плажа.

„Додека водата е 21-22 степени може да се капи, после тоа тешко. Вака времето може да трае сигурно уште 10 дена. На плажава имаше доста туристи што се капеа и никој не се пожали дека водата е ладна, се капеа најнормално. Ова е една терапија за нерви“, велат охриѓани.
Претходните неколку години езерото не достигнуваше така високи температури од околу 28 степени целзиусови во овој период од година. Ова лето има значително повисоки температури.
Атанаско Михаилов, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид.

Оние со кои разговаравме велат дека на плажа ќе доаѓаат се додека времето е добро, а водата пријатна за капење.

„Водата е одлична и затоа сите нека дојдат. Сега е најубаво, летото продолжи. Малку е посвежа водата сега, но исто како да се капеш на почеток на јуни.

„Сега има мир и спокој. Сега може да се види бистрината на езерото. Нема гужва што е многу убаво.

РСЕ: До кога ќе доаѓате на плажа?

„Ќе се најавува дека ќе има неколку врнежливи денови, ако е така, а после тоа пак ако е убаво, ќе продолжам и потоа да доаѓам на капење.“

Ова лето беше измерена и рекордно висока температура на водата во Охридското Езеро досега од 28 степени, вели директорот на Центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов.

„Претходните неколку години езерото не достигнуваше така високи температури од околу 28 степени целзиусови во овој период од година. Ова лето има значително повисоки температури“, рече Михаилов.
XS
SM
MD
LG