Достапни линкови

Инфраструктурата е причина за намалeниот извоз на македонски производи во Косово


Прес-конференција на претседателите на стопанските комори на Македонија и на Косово, Бранко Азевски и Сафет Ѓерѓалиу во Скопје

Прес-конференција на претседателите на стопанските комори на Македонија и на Косово, Бранко Азевски и Сафет Ѓерѓалиу во Скопје

Обемот на трговска размена меѓу Македонија и Косово во првите шест месеци од годинава е намален за 18,6 отсто. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азеска на денешната средба со неговите колеги од Косово изјави дека забележан е пад од 3 милиони долари на извозот од Македонија кон Косово на земјоделско-прехранбените производи, тутунот, неметалите и црната и обоената металургија, додека поголем пад е забележан во делот на извозот на нафтата.

Претседателот на Косовската стопанска комора Сафет Ѓерѓалиу изјави дека инфраструктурата, е една од главните причини за падот на продажбата на македонската стока на Косово, како и изградбата на автопатот од Косово кон Албанија со што пристаништето Драч стана поатрактивно за косовските компании кои претходно го користеа солунското пристаниште.
Претставниците на двете комори се согласиле дека дополнително влијание има и економската криза како и дека е потребно да вршат притисок врз властите на двете држави да ги реализираат ветеното односно инвестирање во железничката и патната инфраструктура.
XS
SM
MD
LG