Достапни линкови

logo-print

Амнести Интернешнл бара спроведување на реформите во Египет


Амнести интернешнл со седиште во Лондон го повика Египет да ги спроведе реформите во полицијата и армијата. Организацијата објави извештај во кој се нотирани злоупотрена на човековите права од страна на безбедносните сили.
Организацијата тврди дека злоупотребите од страна на египетската полиција и војската продолжуваат понатаму и поминуваат неказнето и по рушењето на режимот на поранешниот преседател Хосни Мубарак.
Директорката на организацијата Сузан Носел го повика претседателот Мохамед Морси да се справи со, како што вели, „крвавото наследство со кое се врши кршење на човековите права и да гарантира дека никој не е над законот во Египет.“
Таа побара од властите да им дозвлат на експертите и набљудивачите од Обединетите Нации да ги посетат притворите, нешто што претходниот режим не го дозволуваше.
XS
SM
MD
LG