Достапни линкови

Сиријските владини сили ја продолжуваат офанзивата против бунтовниците


Сиријските трупи денеска ги интензивирале нападите врз позициите на бунтовниците во околината на Дамаск, при што најмалку 9 лица биле убиени, а 30-тина биле повредени, јавија активисти. Поради тешките гранатирања, голем број локални жители биле принудени да ги напуштат своите домови. Активисти јавуваат и дека владините сили вршат масовен напад врз Забадани, во близина на границата со Либан, а борбите продолжувале и во Алепо.
XS
SM
MD
LG