Достапни линкови

logo-print

Грузискиот сон победува


Подржувачите на Грузискиот Сон

Подржувачите на Грузискиот Сон

Опозициската коалиција на милијардерот Бидзина Иванишвили, според прелиминарните резултати, води на парламентарни избори во Грузија. На второ место е владеjачкото Обединето национално движење на претседателот Михаил Саакашвили. Милијардерот Бидзина Иванишвили вети дека дека Грузија ќе го продоложи патот кон НАТО и ЕУ, но и дека ќе ги нормализира односите со Русија.

Грузијците покажаа голема култура и мудрост. Сметам дека во Грузија се случува интересен преседан. За прв пат во нашата долга историја ние сменивме влада преку избори.
Ние сме тимот на кој може да му верувате. Ние ќе ја земеме власта во раце и од тоа корист ке има народот.

Ова се зборовите на милијардерот Бидзина Иванишвили чија партија Грузиски сон, според анкетите и прелиминарните резултати, убедливо води пред коалицијата на Претседателот Саакашвили „Обединето национално движење“.

Саакшвили дојде на власт во 2003 на крилата на розовата револуција. Неговиот претседателски мандат завршува следната година. Тој го започна грузискиот пат кон Запад и сега смета дека опозицијата ќе ја врати Грузија на колосекот кон Москва.
Бидзина Иванишвили

Бидзина Иванишвили

Не станува збор само за иднината на нашиот народ туку и за европскиот сон во овој дел од светот.

„Многу нешта се решија за нашата земја од значење и за регионот. Не станува збор само за иднината на нашиот народ туку и за европскиот сон во овој дел од светот и за тоа што ќе се случува со идејата за демократија и идејата за реформи во овој дел од светот.“

Иванишвили ги отфрли таквите тврдења. Милијардерот вети дека Грузија нема да скршне од стратегискиот пат кон НАТО и Европа, но вети и нормализација на односите со Русија кои се заострени по кратката војна во 2008 околу двете грузиски сепаратистички републики.

„Ние сме тимот на кој може да му верувате. Ние ке ја земеме власта во раце и од тоа корист ке има народот“, изјави Иванишвили.

Западот одблизу ги набљудува изборите во Грузија. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави во Брисел дека изборите се показател за демократските процеси во Грузија.

Според Амнести Интернешенел, опозицијата успеала да ја испрати пораката ширум земјата, но многу нејзини подржувачи биле отпуштани од работа и застрашувани.

И ОБСЕ ја опиша кампањата како груба и конфронтирачка. Опозицијата најави дека ќе ги прифати резултатите, ако тие се оценат како валидни од меѓународната заедница.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG