Достапни линкови

Русија го забрани анти-муслиманскиот филм


Судот во Москва го забрани натамошното прикажување на анти-исламскиот филм, кој предизвика серија насилни демонстрации низ муслиманскиот свет. Според руското министерство за правда филмот поттикнува етничка и религиозна омраза. Слична одлука деновиве донесе и судот во Грозни, Чеченија. Руските власти предупредија дека ќе го блокираат пристапот до Јутјуб доколку не биде почитувана одлуката на судот за забрана на филмот во Русија.
XS
SM
MD
LG