Достапни линкови

Власта и опозицијата прогласија победа на изборите во Грузија


И грузискиот претседател Михаил Саакашвили и опозициската коалиција на милијардерот Биџина Иванишвили прогласија победа на парламентарните избори по прелиминарните резултати врз основа на анкетите по излегувањето од гласачките места. Според анкетите на државните телевизии опозициската коалиција Сон има 52 процент од гласовите а Саакашвили и неговото Обединето национално движење имаат 41 процент од гласовите Саакшвили изјави дека опозицијата ќе ја врати Грузија од нејзиниот пат кон Запад на колосекот кон Москва. Иванишвили ги отфрли таквите тврдења. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави во Брисел дека изборите се показател за демократските процеси во Грузија.
XS
SM
MD
LG