Достапни линкови

Обвинителство на Хрватска ги отфрли обвинувањата на Санадер


nt and ex-prime minister Ivo Sanader at the beginning of a corruption trial against him and his opposition HDZ party, Zagreb, 16Apr2012

nt and ex-prime minister Ivo Sanader at the beginning of a corruption trial against him and his opposition HDZ party, Zagreb, 16Apr2012

Државното Обвинителство на Хрватска ги отфрли обвинувањата на поранешниот премиер Иво Санадер , кој се товари за корупција,дека против него се води постапка по политички налог. Обвинителството соопшти дека поранешниот премиер кој беше гостин вчера на Хрватската радиотелевизија ХРТ, изнел низа невистинити тврдења на сметка на Обвинителството, дека Главниот државен обвинител од него барал продолжување на мандатот додека тој бил премиер, како и дека му подарил две уметнички слики. Интервјуто на Санадер го коментираше и претседателот Иво Јосиповиќ, кој кажа дека во неговите изјави не гледа елементи на кривично дело и дека емисијата не верува дека ќе влијае врз пресудата. Поранешниот премиер Санадер на ХРТ вчера кажа дека Главниот Обвинител Младен Бајиќ против него води кривичен прогон по политички налог на некогашната премиерка Јадранка Косор.
XS
SM
MD
LG