Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун со критика за сириската влада


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ја критикува сириската влада за убиствата, кршењето на човековите права и за неуспехот да ги запрат воените напади. Бан Ки Мун за време на состанокот со сирискиот минитер за надворешни работи Валид Aл- Моуалем на маргините на Генералното собрание на ОН, изразил разочараност поради тоа што 18 месечниот конфликт се влошува. За време на неговиот говор на собранието Ал Моуален ги обвини САД, Франција, Катар, Саудиска Арабија и Туција за поддржување на „тероризмот“ во Сирија со подршката што им ја дале на бунтовниците.
Тој додаде дека барањето претседателот Башар Ал Асад да се симне од власт е „бесрамно мешање “ во внатрешните работи на земјата.
XS
SM
MD
LG