Достапни линкови

Арифи:Евроинтеграциите бараат одговорност од сите


Ако прашањето за името денес се реши, влезот во ЕУ не може да се направи утредента бидејќи потребно е време за да се преговара за 34-те поглавја на европското законодавство. Пристапниот дијалог е мост кој е поставен за ние наместо да седиме и да се жалиме, да вклучиме едно мало светло и да се движиме напред. Ова денеска го изјави вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи на дебатата во Скопје насловена „Албанците во Македонија и ЕУ“.
Таа додаде дека дијалогот дава можност да се скрати времето на преговори за влез во ЕУ штом тие започнат.
Арифи смета дека со оглед тоа што евроитегративниот процес е поврзан со прашањето за името, започнатиот Пристапен дијалог на високо ниво, дава можност на практичен начин да се пристапи кон адресирање на критериумите за членство во Унијата, при што на земјите членки кои ги носат одлуките, да им се даде едно досие на земја која ги исполнува задачите поставени од ЕУ.
XS
SM
MD
LG