Достапни линкови

logo-print

Филе: Најважно е да реши спорот за името


Најважно е да се реши прашањето за името и земјата да продолжи напред во процесот на присоединување кон ЕУ, изјавил еврокомесарот за проширување Штефан Филе, по денешната средба во Атина со шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос со кој разговарал и за прашањето за името и евроинтеграцијата на Македонија, јавува новинската агенција МИА. Филе по средбата изјавил дека имале плодна и конструктивна дискусија од која главен заклучок е дека проширувањето на ЕУ мора да остане високо на агендата и за време на претседателството на Грција во 2014 година. Тој, како што јави дописникот на МИА од Атина, го информирал Аврамопулос за средбите што ги имаше со државниот врв на Македонија и го запознал со процесот на дијалогот на високо ниво што се води меѓу ЕК и македонската Влада.
XS
SM
MD
LG