Достапни линкови

УНЕСКО бара од Сирија да го заштити Алепо


Сириските бунтовници и владините трупи водат жестоки битки во северниот дел на стариот град Алепо. Активисти за заштита на човекови права со седиште во Лондон тврдат дека владините сили го држат под контрола поголемиот дел од градот кој е под заштита на УНЕСКО и претставуваше туристичка атракција. Тие информираат дека поголем дел од средновековниот пазар е уништен од пожарите кои настанаа викендов по жестоките борби.
УНЕСКО ја повика Сирија да се држи до нејзините обврски за сочувувањето на светкото културно богатство од војната. Во меѓувреме активистите тврдат дека владини авиони го бомбардирале градот Салкин во близина на турската граница при што загинале најмалку 12 луѓе.
XS
SM
MD
LG