Достапни линкови

Четвртина од гласачите веќе гласале во Грузија


Грузиците чекаат ред за гласање

Грузиците чекаат ред за гласање

Грузиската изборна комисија соопшти дека 25 проценти од регистрираните гласачи излегле на избори во првиот час откако биле отворени изборните едници. Излезноста на овие избори е од големо значење, затоа што земјата минува низ промени и веќе се предложени измени на политичкиот систем со кои пратениците и премиерот ќе добијат поголема моќ. 14 политички партии и две коалиции се надеваат дека со овие избори ќе добијат дел од 150-те пратенички места. Претседателот Михаил Саакашвили доминира во Грузија од „Розевата Револуција “ во 2003 година, но годинава е соочен со голем предизвик од опозицикиот блок наречен „ Грузиски сон“, коалиција предводена од тајкунот Биѕила Иванишвили.
XS
SM
MD
LG