Достапни линкови

Украинските новинари на протест пред Парламентот


Десетици украински новинари и медиумски активисти протестираа денеска пред Парламентот во Киев против законот за декриминализација, поради тоа што стравуваат дека ќе се користи како алатка за да се замолчат медиумите. Предлог законот поддржан од владеачката партија во себе содржи казна затвор од 5 години за тие што клеветат.
Предлог законот помина во парламентот на прво читање минатиот месец, но потоа постапката беше паузирана, откако опозицијата и дел од независните медиуми го осудија тврдејќи дека со него се крши правото за слобода на говор, и тоа се прави точно пред парламентарните избори кои треба да се оддржат на 28 октомври. Демонстранстите пред Парламентот држеа празни транспаренти укажувајќи на нивната загриженост поради цензурата.
САД и западните влади го критикуваат украинскиот претседател Виктор Јанукович, за воведување на авторитаризам.
XS
SM
MD
LG