Достапни линкови

Иранската валута загуби една четвртина од својата вредност


Вредноста на иранската валута- риал падна за 7 проценти денеска со што го достигна најниското ниво на сите времиња, со вредност од 32,25 во однос на доларот. Светските берзански веб страници пишуваат дека иранската валута загубила една четвртина од нејзината вредност за само една недела. Само неколку минути откако инфорамцијата за падот на валутата се прошири на интернет, истата беше цензорирана во Иран. Вредноста на иранската валута во измината година оди надоле, како последица од санкциите кои Западот му ги наметна на Иран поради неговата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG