Достапни линкови

Претседателски избори во Чешка во јануари


Првиот чешки претседател Вацлав Хавел

Првиот чешки претседател Вацлав Хавел

Во Чешка ќе се одржат првите директни претседателски избори на 11 и 12 јануари со што ќе биде сменeт досегашниот претседател Вацлав Клаус. Ова денеска го соопшти претседателот на Горниот дом на Парламентот Милан Стеч. Од основањето на Република Чешка во 1993 година претседателот го избира Парламентот. На претседателската функција од 1993 до 2003 година беше антикомунистичката икона Вацлав Хавел. Водечките кандидати за претседател кои треба да го заменат Клаус се поранешниот премиер Милош Земан и Јан Фишер.
XS
SM
MD
LG