Достапни линкови

logo-print

Макпетрол сака повисок пласман во пониското натпреварување


Илустрација.

Илустрација.

По повеќегодишни настапи во најценетиот Светски куп, македонскиот шампион во куглање „Макпетрол“ претстојната евро сезона ќе ја стартува во НБЦ купот. Причината не е намален рејтинг на нашето куглање, туку желбата на „нафташите“ конечно во своите витрини да донесат трофеј од европските купови.

По повеќегодишни настапи во најценетиот Светски куп, македонскиот шампион во куглање „Макпетрол“ претстојната евро сезона ќе ја стартува во НБЦ купот. Причината не е намален рејтинг на нашето куглање, туку желбата на „нафташите“ конечно во своите витрини да донесат трофеј од европските купови.
Го имаме Димитар Димитровски, еден од најдобрите светски играчи. Го имаме Виктор Николовски еден од најдобрите техничари во светот. Ги имаме Бојан Влаќевски и Сашо Трпковски кои се кадарни преку 600 (соборени дрва) да направат. Имаме три јуниори, Мартин Тодоровски, Ибрахим Мемеди и Александар Соколовски, кој е медалист од претходното јуниорско светско првенство. И конечно го имаме златната резерва - Дарко Димитровски. Оттаму верувам многу во нив и верувам во пласман меѓу четирите. А, потоа, нема да се задоволиме само со тоа, туку ќе одиме на што повеќе. Прво, второ место.

Имајќи предвид дека лани, Макпетрол го освои шестото место во Светскиот куп, во клубот се убедени дека второто по квалитет европско клупско натпреварување е идеално за исполнување на долгогодишната желба, а претседателот Љубиша Тодоровски изјавува:

„Се надеваме дека со нашиот квалитет, со оваа млада екипа ќе успееме да влеземе во полуфиналето, а потоа да постигнеме и нешто повеќе. Односно, нашите желби се еден медал од која било боја да донесеме во нашата држава. Како екипа да постигнеме успех во куглањето, каде што на репрезентативно и на поединечно ниво имаме успеси.“

Дека ваквите амбиции не се без основа, потврдува и тренерот на Макпетрол, Александар Атанасовски. Според него, за влез во полуфиналето, а потоа и атак на првите три позиции, кои носат и пласман во Лигата на шампионите чиј старт е закажан за наредниот месец, на НБЦ купот од 2 до 6 октомври во Бања Лука, кугларите на Макпетрол ќе треба да имаат просек од 600 соборени дрва. Тоа е врвно постигнување, за кое, актуелниот играчки кадар на македонскиот првак има сили.

„Го имаме Димитар Димитровски, еден од најдобрите светски играчи. Го имаме Виктор Николовски еден од најдобрите техничари во светот. Ги имаме Бојан Влаќевски и Сашо Трпковски кои се кадарни преку 600 (соборени дрва) да направат. Имаме три јуниори, Мартин Тодоровски, Ибрахим Мемеди и Александар Соколовски, кој е медалист од претходното јуниорско светско првенство. И конечно го имаме златната резерва - Дарко Димитровски. Оттаму верувам многу во нив и верувам во пласман меѓу четирите. А, потоа, нема да се задоволиме само со тоа, туку ќе одиме на што повеќе. Прво, второ место“, рече Атанасовски.

Дали овој оптимизам ќе се потврди и на теренот, ќе дознаеме в сабота, по завршувањето на НБЦ купот во Бања Лука, каде што за трофеите ќе се борат 30-ина клубови од 15 земји, меѓу кои и оние од кугларските велесили Хрватска, Германија, Унгарија, Србија, Австрија, Словенија, Словачка...

Инаку, покрај Макпетрол, неделава на меѓународната кугларска сцена ќе настапи уште еден македонски клуб. Тоа е Работнички, кој исто така од 2 до 6 октомври во Апатин,Србија, ќе биде дел од Европокалот.
XS
SM
MD
LG