Достапни линкови

Атанас Ботев со прашања за духовно умртвениот поединец


Слика на македонскиот уметник Атанас Ботев.

Слика на македонскиот уметник Атанас Ботев.

„Луцидно синестетички дијалог“ е насловена самостојната изложба на Атанас Ботев, што од 1 до 7 октомври, ќе се одвива во галеријата „Око“ во Скопје. Македонскиот уметник се претставува со 13 дела настанати во последниве четири години.

Во средиштето од најновата ликовна изложба на Атанас Ботев „Луцидно синестетички дијалог“, како што самиот истакнува, се наоѓаат бројни прашања од типот како нашата современа култура го обликува психичкото ниво, профилот на личноста, однесувањето на поединецот и кои се потиснатите стравови, желби и фрустрации на современиот човек.
Во пост-модерната култура се распаѓа тој стар систем на вредности и со експанзијата на информатичкото општество и современите технологии расте отуѓеноста во големите градови. Притоа, поимите правда, етика и морал се доведуваат во прашање или, пак, се исмејуваат. Во такви околности, поединецот станува апатичен, празен, духовно умртвен и потребни му се силни дразби. Било да се работи за секс, храна, дроги, таблоиди преполни со шокантни приказни, филмови исполнети со насилство, садизам и порнографија.

„Во пост-модерната култура се распаѓа тој стар систем на вредности и со експанзијата на информатичкото општество и современите технологии расте отуѓеноста во големите градови. Притоа, поимите правда, етика и морал се доведуваат во прашање или, пак, се исмејуваат. Во такви околности, поединецот станува апатичен, празен, духовно умртвен и потребни му се силни дразби. Било да се работи за секс, храна, дроги, таблоиди преполни со шокантни приказни, филмови исполнети со насилство, садизам и порнографија.“
Македонскиот сликар Атанас Ботев.

Македонскиот сликар Атанас Ботев.


Ботев дополнува дека неговите нови 13 слики се рефлексија на сите тие работи кои го тиштат современиот човек и дека публиката ќе биде задоволна од камерната изложба што ја подготвувал во последниве четири години. Од друга страна, уметникот истакнува дека тој само ги поставува прашањата, со идеја поединците во публиката да ги преиспитаат своите ставови кон околината и авторитетите.
Целта на уметникот е да постави прашање, да поттикне на размислување и на тој начин и публиката ќе ги преиспита своите ставови. Битно е секогаш да се иницираат прашањата, бидејќи уметникот како таков не може да ги промени нештата. Ако барем во еден дел сум успеал да поттикнам на размислување, да поттикнам некого да ги преиспита своите ставови и кон себе и кон авторитетот, да стане подобра личност, тогаш јас сум задоволен.

„Целта на уметникот е да постави прашање, да поттикне на размислување и на тој начин и публиката ќе ги преиспита своите ставови. Битно е секогаш да се иницираат прашањата, бидејќи уметникот како таков не може да ги промени нештата. Ако барем во еден дел сум успеал да поттикнам на размислување, да поттикнам некого да ги преиспита своите ставови и кон себе и кон авторитетот, да стане подобра личност, тогаш јас сум задоволен.“

Роден 1973 година, Ботев дипломирал и потем магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје(графика и графички дизајн). Тој работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, стрип, инсталација и перформанс, а зад него се студиските престои во Париз и Њујорк каде беше со наградата „Млад визуелен артист“. Автор е на плакатот за Скопски џез фестивал во 2005 година, на обвивките на албумите на Алек Пејовски, групата „Нав“ и Пиколомини, пропагандниот материјал за документарниот филм „Ако никој не свири“ и на решението за поштенската марка „100 години ФИФА“. Добитник е на наградата „Денес“ во 2005 година, Годишната награда на Факултетот за ликовни уметности, наградата „26 јули“ од фондацијата Франк Хатворд Манинг и онаа што ја доделија спонзорите на 4-та меѓународна изложба за стрип во Белград, соседна Србија.

Во 2008 година престојуваше во Санта Фе, Њу Мексико во САД, каде што го започна новиот циклус слики насловен „Биоморфинзи“, а актуелната „Луцидно синестетички дијалог“ му е деветта самостојна изложба.

Атанас Ботев работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје, а прашан за натамошната судбина на неговата нова серија слики, вели дека засега постојат шанси да биде прикажана во Ријека, во Хрватска, и дека би сакал да ја види публиката во повеќе земји затоа што се работи за универзална тема.

„Се работи за помали формати, позгодно е за транспорт и мислам дека сликите заслужуваат да бидат видени бидејќи темата е универзална и се обраќа на поширок аудиториум.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG