Достапни линкови

Турција, модел за муслиманскиот свет


Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на вчерашниот конгрес на неговата исламска Партија на правото и развојот изјави дека ерата на воени удари во Турција заврши и оти турската демократија е модел во муслиманскиот свет. Критичарите, пак, сметаат дека токму неговото владеење е во спротивност со начелата на демократијата.

Говорејќи пред илјадници партиски членови и регионални лидери, премиерот Реџеп Таип Ердоган оцени дека неговата Партија на правото и развојот по деценија на власт во 75-милионската Турција станала пример за муслиманскиот свет.

„Се нарекуваме конзервативни демократи и нашата промена ја базираме врз основните човекови права и слобода“, изјави Ердоган чија партија од 2002 година убедливо победува на три избори со што им стави крај на кревките коалициски влади и на воените удари.

За тоа време приходите по жител се зголемија за трипати, а Турција се промовира во регионален лидер. Некои сметаат дека турската демократска стабилност помешана со исламската култура претставува потенцијален модел за регионот.
Се нарекуваме конзервативни демократи и нашата промена ја базираме врз основните човекови права и слобода.
Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција.

„Турција го покажа светлото лице на Исламот“, изјави Калед Мешал, лидер на Хамас во егзил кој за Ердоган вели дека не е само лидер на Турција, туку и на муслиманскиот свет.

Но, критичарите го обвинуваат Ердоган за авторитарен пристап кон власта, наведувајќи дека ги гони неистомислениците и ги злоупотребува судовите за замолчување на непријателите.

Тие му забележуваат и за тоа што не успеа да внесе надеж за крај на 28 годишниот конфликт со курдите на југоистокот на земјата.

Ќе ги третираме нашите сиријски браќа како што мораме и ќе им ја дадема нашата поддршка. Но, оттука ги повикуваме Русија, Кина и Иран да ја преразгледаат нивната позиција. Историјата нема да им прости на оние што ги поддржуваат сиријските тирани.
Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција.
„Сакаме од денеска да отвориме нова страница на мир со нашите курдски браќа“, изјави вчера Ердоган кој се осврна и врз кризата во соседна Сирија што ја исфрли Турција во првите редови на меѓународната дипломатија.

Имено, Вашингтон на Анкара гледа како на клучен играч во поддршката на сиријската опозиција.

„Ќе ги третираме нашите сиријски браќа како што мораме и ќе им ја дадема нашата поддршка. Но, оттука ги повикуваме Русија, Кина и Иран да ја преразгледаат нивната позиција. Историјата нема да им прости на оние што ги поддржуваат сиријските тирани“, изјави Ердоган кој беше реизбран за лидер на партијата со што си го обезбеди тоа места и во наредните три години

Всушност тој и немаше против кандидат на вчерашниот конгрес.

Ердоган е за воведување на претседателски систем, сличен како во Франција и јавна тајна е дека тој ќе се кандидира за шеф на државата на изборите по две години.

Затоа тој на Конгресот повтори дека на Турција и треба нов Устав кој ќе го замени сегашниот напишан по воениот удар пред три децении.

Сепак, опонентите се загрижени дека Ердоган само сако да ја зацврсти својата власт. Стотици политичари, академици и новинари се на суд под обвинувања дека правеле заговор против владата, додека над 300 офицери издржуваат повеќегодишни затворски казни.

Секуларната турска армија од 60 години на минатиот век изведе три воени удари, а во 1997 година ја принуди владата да си даде оставка.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG