Достапни линкови

Ваши коментари - „Универзитетскиот удар“ најкоментиран


Колумната „Универзитетски удар“ на Радмила Ванкоска од студентското движење Слободен индекс е најкоментирана изминатата недела.

Студентите очигледно имаат свои маки и проблеми кога колумната на Радмила Ванкоска, активистка во студентското движење „Слободен индекс“ во нашата онлајн колумна за млади, насловена како „Универзитетски удар“ развиваат дебата во која некои од вас ги потврдуваат нејзините тези, а некои ги негираат.
Со оглед дека училиштата во Чаир се направени од Македонци, мислам дека треба да си останат Македонските имиња. Кога Албанците ќе направат ново училиште, нова улица итн - нека ја крстат со име на Албанец (кој немал ништо против Македонците, секако).

Коментарите се движат од пофалби, Анонимен напишал: „Браво за храброста на искажаниот збор“, до забелешки што младата Ванкоска го смета за погрешно мешањето на црквата во Универзитетот со почнувањето на студентската година со молитвата на архиепископот Стефан пред професорската фела, од Крсте Поп-Стефанија од Словенија кој, пак, на младата „комунистка воспитана во болшевистички дух“ - како што пишува, ѝ порачува дека молитвата била препознатливост на едно општество.
Основното училиште Цветан Димов во Чаир преименувано во Хасан Приштина.

Основното училиште Цветан Димов во Чаир преименувано во Хасан Приштина.


Горан од Прилеп и Виктор Трифуновски од Скопје развиле дијалог при што скопјанецот смета дека социјалните и студентските субвенции се пролетерски апетити кои им дошле до ак на државите во Европа што со децении се задолжувале за да ги кредитираат и дека дошло време кога желбите требало да се заработат, а не да биле подарок што го плаќа целата заедница. Прилепчанецот, пак, му контрира со прашањето дали мисли дека инвестирањето во разни факултетски проекти, со еден збор во образованието, не генерирале баш никакви вредности во општествата на Европа, односно, дали капитализмот магично ќе креира нефинансиска, дополнителна вредност без надокнада за доброто на заедницата.

Некој потпишан со „Име“ пишува дека колумната е на место и ја погодила поентата и го интересира мислењето на кандидатите за нов претседател на универзитетската студентска организација за секуларноста и покачувањето на партиципациите за студирање, а Дејан од Битола смета дека двете националистички партии во власта, како што пишува, одамна играат игри како сегашните, со училиштата, спомениците, поклонувањата и дека тоа нема врска со студентскиот стандард.

Како и вообичаено, нашето неделно ТВ-интервју, овој пат со Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, открива коментари и мислења како тоа на Хаско од Скопје дека главниот град од секогаш бил албански зашто и сите села околу Скопје 90 отсто биле албански или на некој „Шкупјан“ од Шкуп, како што се потпишал, дека тие што дошле во „Шкуп“ уште не знаеле кои се и што се. Има и контри, кажано со фудбалски речник, на ваквите коментари: „МКД“, на пример, смета дека Албанците само се преправаат дека се космополити и глумеле демократија и го повикува Обвинителството да ги „врати работите во колосек“. „Стратка“ заклучува дека проблемот бил во изборот на имињата на божем борците што им ги давале на училиштата, а некој „Нормален Македонец“ предлага училиштата изградени од Албанци да можат да носат име на некој албански деец, а оние градени од Македонци - македонски имиња.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG