Достапни линкови

Во бомбашки напад во Авганистан загинале 13 луѓе


Во самоубиствен бомбашки напад на истокот на Авганистан денеека загинале најмалку 13 луѓе, меѓу кои и тројца припадници на меѓународните сили и нивниот преведувач. Нападот бил извршен со мотоцикл полн со експлозив кој удрил во воена патрола во градот Кост. Одговорноста ја презедоа талибанците. Инаку, со вчерашното убиството на еден војник на контролен пункт во источниот дел на Авганистан, бројот на американски војници кои загинаа за време на 11 годишен конфликт во таа земја изнесува 2000. Од почетокот на оваа година досега во Авганистан биле убиени над 50 припадници на меѓународните сили.
XS
SM
MD
LG