Достапни линкови

Охрид сака да прави гориво од градското ѓубре


Илустрација.
Илустрација.

Охрид сака да го реши проблемот со цврстиот отпад со изградба на фабрика за производство на компост и погонско гориво.

Во Охрид ќе се гради фабрика за производство на компост и погонско гориво од комуналниот отпад кој Јавното претпријатие Охридски комуналец секојдневно го собира. „Охрид - град без комунален отпад“ е проект што треба го реши проблемот на Охрид со отпадот. На јавното претпријатие, пак, овој проект ќе му донесе доволно приходи за успешно опстојување во иднина.
Онаква фабрика како што ја имаме предвидено е некаде вредност околу 3,5 милиони евра. Меѓутоа вредноста ќе се добие со меѓународен тендер. Дали ќе биде 2,5, а нема да биде повеќе од 3,5 тоа ќе се види понатака. Околу 200 илјади евра ние годишно ќе заштедуваме од тоа што не ќе имаме трошок за депонијата Буково. А колку време ќе се исплати зависи исто од повеќе фактори.
Сашо Алче, директор на Јавното претпријатие Охридски комуналец.

За шест месеци ќе ги завршиме сите потребни активности околу изборот на најдобар понудувач на меѓународен тендер. Очекуваме, доколку нема опструкции, проектот да биде реализиран за најмногу една година, рече директорот Сашо Алче.

„Кога странците доаѓаат во Охрид, откога ќе видат дека е собран сметот и дека се чисти улиците, не прашуваат каде го носиме отпадот. Ние го носиме во Буково. Доколку некој дојде да види како е во Буково, ќе види дека тоа е исто ѓубриште како што има во Струга, Вевчани и Дебарца, кои можат понатака да се приклучат во проектот“, вели Алче.

Тој вели дека имаат во план фабриката да работи во повеќе смени и оти со нејзиното пуштање во погон ќе се реши егзистенцијалниот статус на околу 70 семејства од Охрид.

„Онаква фабрика како што ја имаме предвидено е некаде вредност околу 3,5 милиони евра. Меѓутоа вредноста ќе се добие со меѓународен тендер. Дали ќе биде 2,5, а нема да биде повеќе од 3,5 тоа ќе се види понатака. Околу 200 илјади евра ние годишно ќе заштедуваме од тоа што не ќе имаме трошок за депонијата Буково. А колку време ќе се исплати зависи исто од повеќе фактори“, вели Алче.

Ако се реализира овој проект, годишно би се произведувал материјал во вредност од околу 500 илјади евра по принципот компост - суровина – енергија, велат од Комуналец.

Еден од бенефитите од изградбата на ваков капацитет ќе биде заштитата на биодиверзитетот на Охридското Езеро, но и на градот од несоодветно депонирање на отпадот, бидејќи регионалните депонии сè уште не се ниту во почетна фаза за реализирање, вели директорот Алче.

Инаку во регионот на Охрид и Струга останува проблемот со одлагањето на цврстиот отпад. Сите општини од овој регион немаат дадено зелено светло проблемот да се реши со пари од ИПА фондовите. Министерот за животна средина Абдулаќим Адеми неодамна рече дека сè е во рацете на општините. Според предвидениот план, во Македонија треба да има осум регионални депонии. Во моментов во најнапредна фаза во однос на оваа проблематика се полошкиот и југоисточниот регион.
XS
SM
MD
LG