Достапни линкови

Санадер:Обвинителот ме гонеше по политички налог на Косор


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер кој е обвинет за неколку случаи за корупција, денеска го обвини јавниот обвинител Младен Бајиќ дека го гони по политички налог на поранешната премиерка, Јадранка Косор.
Во првото телевизиско интервју за неделната емисија на ХРТ „ Недела по 14 часот“ по неговото апсење во 2010 година, Санадер ги негираше шпекулациите дека планира да се врати во политиката и најави дека по завршувањето на судскиот процес ќе му се посвети на бизнисот.
Тој повтори дека е невин и изјави дека тоа ќе го докаже пред судот.
Санадер во интервјуто изјави дека неговите проблеми започнале кога сакал да се врати во партијата како почесен претседател, но тогашната премиерка и лидер на партијата Јадранка Косор го избркала и му наредила на јавниот обвинител да започне кривичен прогон
XS
SM
MD
LG