Достапни линкови

Антикризните мерки најинтересни за неделниците


Настапот на Груевски пред бизнис елитата и најавата за враќање на ДДВ-то, одлуката на судот за штрајкот на лекарите и спорт за името, дел од темите за кои пишуваа неделниците.

И уводникот и уште еден текст во неделниот Фокус се посветени на настапот на Груевски пред бизнисменската елита и најавата за враќање на ДДВ-то на фирмите од страна на државата.

Фокус - Црвен килим и за бизнисмените
Груевски реши да го врати она што незаконски го земаше од стопанството. Но наместо казна, доби аплауз. Кој да го казни, кога од него се чека поврат на ДДВ-то или исплата на сработеното за државата?

„Црвен килим и за бизнисмените“, насловува неделникот, за потоа да напише: „Груевски реши да го врати она што незаконски го земаше од стопанството. Но наместо казна, доби аплауз. Кој да го казни, кога од него се чека поврат на ДДВ-то или исплата на сработеното за државата? ...“ И понатаму: „Новата терапија нема да го излечи пациентот, ама на власта треба да и' донесе уште една победа. Не случајно, впрочем, бизнисот ќе се намири до локалните избори, а богами и пензионерите ќе се омрсат токму на 1 март“, забележува Фокус.

Капитал - Владата направи потег, ќе има ли акција од бизнисмените?
Обраќање на премиерот Никола Груевски на средбата со бизнис заедницата и стопанските комори.

Обраќање на премиерот Никола Груевски на средбата со бизнис заедницата и стопанските комори.


На спорот за името му треба рамковен договор. Ништо помалку, ништо повеќе. Прецизна листа на обврски и права на двете страни. По можност и потписи на сите соодветни фактори во двете држави кои нема да го менуваат ставот во зависност од дневната политика.
Поентата на втората анализа за истиот проблем е дека новите антикризни мерки најавени од премиерот донесоа нови задолжувања за државата со странски кредити. На истата тема пишува и неделникот Капитал, но неделникот притоа ги потсетува бизнисмените дека не било се' во парите: Владата направи потег, ќе има ли акција од бизнисмените? - прашува авторката на уводникот која смета дека менаџерите на компаниите треба да направат промени и иновации внатре во своите фирми, да размислуваат за нови производи, нови извозни пазари, за нови квалитетни луѓе, за едукација...

Глобус - Судот оценува штрајкови: станува ли Македонија Бантустан?

И онлајн магазинот Глобус се осврнува на новите владини антикризни мерки со пари од нови странски задолжувања во анализата со наслов: „Не се возбудувајте, сите ќе пропаднеме“, но во овој преглед го вклучуваме текстот за одлуката на скопска „двојка“ да го забрани штрајкот на лекарите што, како што пишува авторот на анализата, отвора пошироки прашања од кои некои лесно можат да се претворат во оценка за кршење на човековите и на синдикалните права на граѓаните на Македонија и да бидат оценети како една дополнителна и сериозна антиевропска атмосфера во земјава „Судот оценува штрајкови: станува ли Македонија Бантустан?“, прашува Глобус.

Република - Рамковен договор за спорот со името

„Рамковен договор за спорот со името“, заговара Република. „На спорот за името му треба рамковен договор. Ништо помалку, ништо повеќе. Прецизна листа на обврски и права на двете страни. По можност и потписи на сите соодветни фактори во двете држави кои нема да го менуваат ставот во зависност од дневната политика“, пишува покрај другото авторот на анализата, кој дури смета дека за овој спор треба да се промени вообичаената меѓународна формула при преговори, туку да се применува формула за постконфликтни ситуации што би било поефикасно.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG