Достапни линкови

logo-print

Над 20 луѓе убиени во Ирак


Над 20 луѓе се убиени а над 70 ранети при последните бомбашки напади во Ирак денеска. Полицијата соопшти дека голем дел од целите на напаѓачите се шиитските муслимани или претставници на безбедносните сили. Најсмртоносен напад беше изведен во близина на Багдад каде што три автомобили бомби експлодирале одвоено при што загинале најмалку 8 луѓе а ранети се над 20. Се уште никој не презел одговорност за нападите, но начинот на кој биле извршени нападите бил препознатлив знак на сунистка група која е дел од Ал Каеда во Ирак.
XS
SM
MD
LG