Достапни линкови

Ердоган: Заврши ерата на воените државни удари


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека ерата на воените удари во Турција заврши и дека неговата земја е модел за другите мислимански држави. Ова беше дел од неговиот говор на денешниот годишен Конгрес на владеачката Партија за развој и правда.
Партијата го одбележа десетгодишното владеење при кое Турција направи рекорд во економскиот раст.
Владеачката партија го задржа секуларниот систем но во исто време остана под капа на војската. Турската армија од 1960 година до сега направи три државни удари.
Се очекува Ердоган пред следните избори да именува нови лидери на партијата.
Меѓу странските гости на Конгресот е египетскиот претседател Мухамед Морси.
XS
SM
MD
LG