Достапни линкови

Грција тврди дека не бил претепан македонски студент во Солун


Министерството за надворешни работи на Грција ги отфрли информациите дека во Солун се случил инцидент во кој починал Александар Самарџиев, јавува новинската агенција МИА. Портпаролот на грчкото Министерство Григорис Делавекурас вели дека таков инцидент не се случил и оти според него тоа е морбидна фантазија. Тој ја повика Владата да биде, како што рече „попретпазлива и да не остава простор за вештачко заострување и пораст на национализам“.
Информација за настанот во кој починал Самарџиев немаат ниту македонската Амбасада во Атина, ниту партијата на Македонците во Грција „Виножито“.
XS
SM
MD
LG