Достапни линкови

logo-print

Ердоган до Русија и Кина: Историјата нема да ви прости


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика Русија, Кина и Иран да ја прекинат нивната поддршка на режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад.
Тој во неговото обраќање на Конгресот на неговата владејачка Партија на правдата и развојот изјави дека историјата нема да им прости поради таквото нивно однесување.
Русија и Кина досега во Советот за безбедност на ОН ги блокираа сите резолуции што содржеа мерки на притисок врз сириските власти, додека Иран е обвинуван од многу западни и арапски држави дека им испраќа воена помош на владините сили во Сирија.
Турција јавно застана на страната на сириските бунтовници и една од најгласните земји во барањето за заминување на Асад од власта.
XS
SM
MD
LG