Достапни линкови

ФИФА: Русија порано си ги завршува обврските за Светското првенство 2018


Претседателот на меѓународната фудбалска федерациј ФИФА Сеп Блатер изјави денеска дека Русија е една година понапред од предвиденото време потребно за организирање на светското првенство кое треба да се одржи во 2018 година. Тој говореше на заедничката конференција со рускиот министер за спорт Виталиј Мутко, откако ФИФА и Русија го соопштија списокот со 11-те локации каде што ќе се оддржуваат натпреварите. Мутко кој е на чело на рускиот организациски комитет изјави дека за првенството се предвидени речиси 20 милијарди долари од кои половина од нив ќе дојдат од приватни инвестиртори, додека остатокот од буџетите на централната и локалната власт. Тој додаде дека седум од 11 градови треба да го завршат реновирањето на постечките стадиуми или да изградат нови. Организацијата на светското првенство и припадна на Русија во 2010 година порд котроверзни услови за кои се уште критикуваат нејзините ривали.
XS
SM
MD
LG