Достапни линкови

Египетскиот претседател во посета на Турција


Египетскиот претседател Мухамед Морси денеска ќе ја посети Турција во обид да се подобрат односите меѓу двете влади. Официјални претставници од Каиро изјавија дека претседалот ќе се сретне со неговиот турски колега Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Таип Ердоган, и ќе присуствува на годишната конференција на партијата на Ердоган. Претседателите ќе разговараат за односите меѓу двете земји, економијата, како и конфликтот во Сирија, откако Морси поднесе регионална иницијатива за разрешување на кризата во земјата.
XS
SM
MD
LG