Достапни линкови

Насилни протести во Шпанија и мирни во Португалија


Во Мадрид најмалку две лица се повредени при насилните протести кои избиле вчера поради новите мерки за штетење, јавува шпанската телевизија. Десетици илјади Шпанци и Португалци се собраа во Лисабон и Мадрид, да го изразат револтот од острите мерки за штедење во двете земји. Шпанската влада во четвртокот ги престави новите мерки пред јавноста. Протестите синоќа ескалирале откако полицијата се обидела да ги растера демонстрaнтите со пендреци затоа што немале дозвола да се собираат на јавно место. На тоа дел од демонстратнтите возвратиле со камења и шишиња. Според податоците на полицијата на протестите во Шпанија излегле околу 4500 луѓе.
XS
SM
MD
LG