Достапни линкови

logo-print

Либијците се разоружуваат


Либијците започнаа со разоружување во Триполи и Бенгази. Светските новински агенции јавуваат дека граѓаните во долги редици чекаат пред пунктовите на војската за да го предадат оружјето. Досега се собрани голем број на пушки, бомби, протиавионски ракети, муниција и ракетни фрлачи. Повикот за разоружување доаѓа по убиството на американскиот амбасадор и тројца службеници во амбасадата во Бенгази на 11 септември. Причината за тогашниот напад беа насилните протести кои настан по објавувањето на дел од филм кој се смета дека е навредлив за исламскиот свет. Според податоците на либиската влада, во земјата има над 200 илјади вооружени Либијци.
XS
SM
MD
LG