Достапни линкови

Нема официјална потврда за смртта на македонскиот студент во Солун


Поддржувачи на ектремистичката „Златна Зора“ во Атина, илустрација

Поддржувачи на ектремистичката „Златна Зора“ во Атина, илустрација

Се уште не е потврдена информацијата од македонските институции како министертво за надворешни работи и министерството за внатрешни работи за смртта на македонскиот студен во Солун, кој наводно бил претепан од членови на грчката националистичка партија „Златна Зора“.
Македонските медиуми кои ја објавија информацијата, се повикуваат на она што што братучедот на наводно починатиот студент го напишал на својот Фејсбук профил, односно дека неговиот роднина лежи во болница во животна опасност. Дописниците од Грција за македонските медиуми јавуваат дека таков случај во Солун не е пријавен во полиција.
Во меѓувреме, социјалните мрежи се наполнија со говор на омраза и гневни коментари, а официјалната страна на премиерот Никола Груевски се полни со коментари на револтирани граѓани.
XS
SM
MD
LG