Достапни линкови

Заминувањето на НАТО од Авганистан е опасно


Узбекистанскиот министер за надворешни работи, Абдула Камилов го предупреди Генералното собрание на ООН во Њујорк дека можат да се појават големи проблеми во Централна Азија по повлекувањето на НАТО силите од Авганистан до крајот на 2014 година. Тој рече дека можат да се развијат екстремизмот и радикализамот како и тргоцијата со дрога и тензии во целиот регион. Поради тоа, тој нагласи дека најдобро решение е воспоставување контакт група под покровителство на ООН со учество на сите соседни земји на Авганистан како и на САД, НАТО и Русија.
XS
SM
MD
LG