Достапни линкови

Србија подготвува нов тим за дијалог со Приштина


Според пишувањето на српските медиуми, најдоцна до средината на октомври, српската влада ќе го одреди тимот за директни преговори со Приштина. Според наводите на „Новости“ овој тим би требало да го водат највисоки државни претставници, како што се премиерот, Ивица Дачиќ и претседателот, Томислав Николиќ. Тимот може да биде составен веќе идната недела, наведува весникот и неговата задача ќе биде да ги брани „црвените линии“ кои секако ќе бидат поставени во планот за Косово.
XS
SM
MD
LG