Достапни линкови

Со обединета опозиција против сирискиот режим


Обединување на противниците на сирискиот претседател, Башар ел Асад со меѓунардна поддршка можеби би можело да доведе до преговори меѓу власта и опозицијата во земјата, оценето е по состанокот околу проблемите во оваа земја, што се одржа на маргините на заседанието на Генералното собрание на ООН. Ирачкиот министер за надворешни работи предложи посредување во разговорите за политичката транзиција во Сирија. При тоа, обединувањето на опозицијата се смета за составен дел на поинтензивните притисоци врз сирискиот режим особено поради фактот дека постои поделеност во Советот за безбедност околу решавањето на кризата во оваа земја.
XS
SM
MD
LG