Достапни линкови

logo-print

Грузија ќе гласа за нов премиер


Најголем противник на партијата на грузискиот претседател, Михаил Саакашвили на претстојните парламентарни избори во Грузија, ќе биде неговиот доскорешен сојузник и финансиер, милијардерот Бидзина Иванишвили кој ветува дека земјата зо брзи реформи ќе ја приближи и кон Западот и кон Русија. На изборите в понеделник ќе се решава за новиот премиер на Грузија кој со новите уставни промени ќе има и поголеми овластувања. Засега, според анкетите, поддршката за Грузискиот сон на Иванишвили е три пати помала од онаа за пшартијата на Саакашвили, но тој тврди дека рејтингот на партијата постојано расте.
XS
SM
MD
LG