Достапни линкови

Универзитетски удар


Радмила Ванкоска, aктивист во студентското движење „Слободен Индекс“.

Радмила Ванкоска, aктивист во студентското движење „Слободен Индекс“.

Додека е жежок образот од последнив шамар, да возвратиме на ударот. Да станеме сега, додека се’ уште боли. Молењето нема да ги плати школарините, нема да ги реализира ИКСА-та, нема да ги среди предавалните, нема да ги положи испитите и нема да обезбеди работа откако ќе завршат студиите, пишува Радмила Ванкоска, aктивист во студентското движење „Слободен Индекс“ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Неколку години наназад се тресат улиците во сите студентски градови во светот. Масовната приватизација наместо да ги врзе ко кучињата, им ги испушти ланците. Милиони студенти викаа колку што се може, предупредуваа дека секаде ќе се случи. Кој чу, кој не. И бидејќи сме презафатени со новите серии, новите модни колекции, лига шампиони и фб/твитер-активизам додека, пак, државата е зафатена со кратење на буџетот наменет за образование, некако многу наеднаш ни дојде ударот наречен „приватизација на државните факултети“.
И можам да замислам колку е комична оваа евтина порнографија отстрана, кога е доволно смешна за да се забавуваме и самите со сопствената мака по кафаните, а фб-статусите и твитовите да ни се единствениот отпор што го пружиме.

Но овој народ се пали на удари. Ние сме ти едно претепано куче кое после млатењето добило ситен оброк, па сега на секој шамар мафта послушно со опавчето, ги шири очичките и се лигави до земја. Ако не удрат – ќе не нахранат! Некој ќе го добие месото, некој ќе ја глода коската, но на крајот од денот сите ќе си легнеме со синџирот на врат.

И можам да замислам колку е комична оваа евтина порнографија отстрана, кога е доволно смешна за да се забавуваме и самите со сопствената мака по кафеаните, а фб-статусите и твитовите да ни се единствениот отпор што го пружиме.

А каков дебел, тежок ланец не прсна по грбот, драга моја генерацијо. Два пати, едно по друго. Па како да не не удрат два пати во ист час, кога добро не истренираа да го вртиме и другиот образ?

Значи, пази. Студиската година започна со молитва. Студиската година започна во средниот век! А тој, како темен, малку нејасно го сликаше недоразбирањето помеѓу црквата и науката, па еве сега дознаваме дека всушност Бог отсекогаш бил на страната на здравиот разум и вистината. Инквизицијата да ти била мит. Како што, од друга страна, и секуларната држава е мит. Самата држава, воопшто, ни е мит.
Студиската година започна со молитва. Студиската година започна во средниот век! А тој, како темен, малку нејасно го сликаше недоразбирањето помеѓу црквата и науката, па еве сега дознаваме дека всушност Бог отсекогаш бил на страната на здравиот разум и вистината. Инквизицијата да ти била мит. Како што, од друга страна, и секуларната држава е мит. Самата држава, воопшто, ни е мит.

Клерикализацијата, силна како националистичката политика што се гради по плоштадите, книгите, медиумите, ја пресоздава и нашата историја, историјата на изгигнувањето на човекот над темното доба, па и ни гради нова иднина, иднина во која ќе живееме од милоста на „божјите луѓе“, големите политичари и измамниците. Одличен прв од низата удари. Започнавме со најдобрата лекција, онаа во која се вели – заврти го и другиот образ. И не помина црвенилото од тој шамар, кога нашиот убав Универзитет, нашиот South Park, убаво ни ги исплеска задниците. Секогаш може да се биде попослушен од вчера, па кога молчевме на покачувањето на административните трошоци на факултетите, зошто да не ја премолчиме и нивната трансформација во пазар на кој кредити ќе купуваат само тие на кои им се може, а оние другите ќе пуштат вода на знаењето и на интелектуалните можности што ги имаат?

Државата повеќе не ги финансира нашите факултети. Тоа го правиме самите, од сопствен џеб, а уплатниците се се’ потешки и потешки.

Оние генерации зад нас ќе се сеќаваат на време кога студираа бесплатно, студираа зашто сакаа. Ние ќе се сеќаваме на време кога студиравме по фиксни цени, што и не беа толку фиксни, но тие генерации што доаѓаат, генерациите на нашите деца, тие ќе студираат само ако можеме да им дозволиме, зашто самите ќе ги преплаќаат грешките на изминатите генерации.

Додека е жежок образот од последнив шамар, да возвратиме на ударот. Да станеме сега, додека се’ уште боли. Молењето нема да ги плати школарините, нема да ги реализира ИКСА-та, нема да ги среди предавалните, нема да ги положи испитите и нема да обезбеди работа откако ќе завршат студиите.

Можеби ја вртите главата на ова што се случува, не зашто трвдите дека не сте дирекно засегнати. Можеби ја вртите главата зашто овој шамар навистина боли.

Тие самите не повикуваат на отпор. Па си го земеме она што ни припаѓа. Време е.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG