Достапни линкови

Вацлав Клаус нападнат со пластичен пиштол


Претседателот на Чешка Вацлав Клаус

Претседателот на Чешка Вацлав Клаус

Претседателот на Чешка Вацлав Клаус денеска бил цел на напад со пластичен пиштол. Инцидентот се случил во текот на свеченото отворање нов мост во градот Храстава, на северот на земјата, изјавија од кабинетот на претседателот, додавајќи дека тој не бил повреден. 26 годишниот напаѓач кој истрерал неколку пластични топчиња кон Клаус бил уапсен. Останува нејасно зошто телохранителите на претседателот воопшто не интервенирале.
XS
SM
MD
LG