Достапни линкови

„Златна зора“ со акција за вработување само грци


Ултрадесничарската грчка партија Златна зора формира „Агенција за наоѓање на работа на измачените Грци“ чија задача ќе биде да им најде работа на грчките граѓани. Секој граѓанин може да се запише во специјалниот список во канцелариите на Златна зора. Работодавачите кои сакаат да најмат Грци можат да се обратат до партијата. „Златна зора застанува на страната на измачените грчки граѓани“, се наведува во соопштението од партијата.
XS
SM
MD
LG